САД синоќа распишаа награда во износ од 10 милиони американски долари за веродостојна информација што би можела да помогне во откривање на изворите на финансирање на либанската милитантна шиитска Божја партија (Хезболах).
Наградата е во рамки на програмата „Награда за правда“ на американскиот Стејт департмент.
Распишувањето на наградата доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу САД и Иран, кој се главен поддржувач на Хезболах.
Влијанието на Хезболах последниве години значително зајакна во Владата на Либан, но и во регионот на Блискиот Исток, имајќи предвид дека припадници на групата се вклучени во конфликтот во Сирија, борејќи се на страната на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад,