На денешната седница на Владата е разгледана и усвоена Информацијата за зголемување на учеството на државите-членки во буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности.
Владата на Република Македонија донесе заклучок да го задолжи Министерството за надворешни работи во рамки на својата координација со Фондот за Западен Балкан да ја потврди подготвеноста на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2019 година, за уплата на зголемени годишни контрибуции кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, утврдени на износ од шеесет илјади евра (60.000 евра) годишно односно 3.690.000 денари во денарска противвредност
За имплементацијата на преземените обврски, Министерството за одбрана треба да ја информира Владата на РМ најдоцна до 31 јули 2019 година.