Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк најверојатно ќе биде избран за фудбалер на годината во Премиер лигата во сезоната 2018/19, тврди „Дејли Мејл“. Холандскиот дефанзивец ќе заврши пред Рахим Стирлинг од Манчестер Сити, кои се најистакнатите претенденти за трофејот.

Официјалното известување ќе дојде идниот четврток, но медиумот тврди дека наградата за втора година по ред ќе остане во Ливерпул. Минатата година, Мохамед Салах триумфираше.

Топ 6 во оваа година е надополнет со клубскиот на Ван Дајк во Ливерпул Садио Мане, а Стирлинг со своите соиграчи во Сити – Серхио Агуеро и Бернардо Силва. Последниот претставник е ѕвездата на Челзи – Еден Азар.

Ван Дајк има главна улога во брилијантното претставување на Ливерпул оваа сезона, откако кампањата е прва целосна за него откако пристигна во јануари 2018-та со трансфер од Саутемптон за 75 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 19:22