Откако пријави подобра продажба и профит, Мајкрософт на берзата достигна вредност од еден билион долари.

Американскиот софтверски гигант со тоа стана една од трите компании чија вредност изнесува еден билион долари.

Епл минатото лето стана прва компанија на берзата чија вредност е поголема од еден билион долари, а потоа за неколку месеци стана и Амазон.

Приходите на Мајкрософт изминатата година се зголемија за речиси една третина и тоа благодарејќи на растот на работењето во „облакот“ (cloud).

Компанијата соопшти дека нејзините приходи се зголемиле за 14 отсто во последниот квартал од 2018 година, а нето заработувачката се зголемила за 19 проценти.

Приходите на Мајкрософт во 2018 година изнесувале 110,4 милијарди долари. Мајкрософт има најраширени и најразновидни извори на заработувачка од сите технолошки гиганти, а најголеми меѓу нив се офис производите и клоуд услугите, серверските производи и Виндоус.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 04:32