Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2019 година во однос на периодот јануари – март 2018 година е зголемен за 0,4 отсто, но за 0,8 отсто е намален бројот во март годинава во однос на март 2018.

Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија бележи пад од 0,9 отсто, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,4, а во секторот Рударство и вадење на камен пораст од 0,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто и Капитални производи за 9,3, додека опаѓање има кај Енергија за 0,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,6 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2019 13:08