Тимот на Барселона се наоѓа пред пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако синоќа на домашен терен го победи Ливерпул со 3:0 во првиот дуел од полуфиналната пресметка во фудбалската Лига на шампиони.

Каталонците поведоа со голот на Луис Суарез во првото полувреме, а потоа со два гола на Меси во последните петнаесетина минути дојдоа до убава предност пред возвратниот меч.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Ливерпул.

Во другото полуфинале, Ајакс на гостински терен го победи Тотенхем со 1:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2019 09:57