Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер во летниот трансфер прозорец може да се пресели во Милано кај еден од миланските гиганти Милан или Интер.

Како што тврди „Кикер“, за 29-годишниот Германец се заинтересирани Милан и Интер, како и еден клуб од Англија, чие име не е објавено.

Според изворот, Милер е незадоволен од својот статус во Баерн. Него не му се допаѓа да биде често менуван или да игра на позиција за која смета дека не му одговара.

Во тековната сезона, Томас Милер настапи на 41 натпревар за Баерн, постигна девет гола и забележа 14 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2019 13:00