Станува збор за процедура во која може да учествуваат сите млекопроизводители и добијат субвенции за месеците октомври, ноември и декември 2018 година.

Средствата се обезбедени од програмата за директни плаќања за предадено кравјо, овчо и козјо млеко, а млекопроизводителите од општините Могила и Новаци, барањата за субвенции може да ги поднесуваат во неодамна отворените дисперзирани канцеларии во тамошните општини.

Од подрачната единица на МЗШВ во Битола, потсетуваат дека рокот за поднесување барања за субвенции за млеко завршува на 15 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2019 15:02