Во осумте општински основни училишта во Кисела Вода, од денеска до 31 мај 2019-та, согласно член 45, 46, 47 и член 50 од Законот за основно образование (Сл.весник на РМ бр. 67/2017 година) ќе се врши запишување на деца во прво одделение, информираат од општината.

Уписот за учебната 2019/2020 година, како што информираат од општината, е за деца родени во 2013 година. Децата кои до 31 јануари 2020 година ќе наполнат шест години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/старателот и мислење од училишниот педагог. Родителите/старателите за информации за потребната документација за упис на првачиња потребно е да се обратат во основните училишта.

Општина Кисела Вода ги поканува родителите/старателите своите деца да ги запишат во основните училишта кои се во нејзина надлежност. Училиштата со видно подобрени услови за учениците во учебната 2019/2020 година очекуваат околу 700 првачиња, се наведува во соопштението од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2019 17:25