Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, очекува средба со претседателот на клубот, Андреа Ањели, за да разговара за иднината на тимот и целите на „старата дама“ следната сезона. Утре Јуве ќе се соочи со Торино во „Дерби Дела Моле“, кое „црно-белите“ во никој случај нема да го потценат. „Биковите“ ќе бараат вредни три бода за да продолжат со борбата за пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.
– Мора да се сретнеме со претседателот за да ја испланираме иднината. Имам мотивација да продолжам напред. Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи ќе играат утре, во одбрана изградена од четворица. Ругани нема да биде на линија, бидејќи не беше 100% против Интер. Мартин Касерес и Андреа Барзали се добри, рече Алегри на пресот пред мечот.
Според тренерот на италијанскиот шампион, Јувентус треба да игра во утрешниот меч, како во второто полувреме против Интер во минатото коло. Тој додаде дека ѕвездата на тимот Кристијано Роналдо ќе излезе на утрешниот меч и ќе продолжи да се бори за наградата топ-стрелец во „Калчото“.
– Ќе биде одлично дерби, бидејќи играме против тимот на Торино, кој сака да се рангира во Топ 4. Треба да играме онака како што игравме во второТорино располага со одлична физика. За Кристијано Роналдо дербито со Торино е голем поттик. Целта му е да победи во дербито и да стане голгетер на Серија „А“, заврши тренерот на Јуве.