Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната, објави „Тајмс“.

Белгиецот претрпи повреда во коленото на натпреварот против Челзи (1:1) минатиот викенд.

Лукаку пристигна во Манчестер Јунајтед во летото 2017 година.

Оваа сезона, 25-годишниот белгиски репрезентативец има 32 натпревари во Премиер Лигата со 12 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2019 18:03