Тренерот на Борусија Дортмунд, Лисиен Фавр ќе остане на чело на тимот и по крајот на сезоната, без разлика дали „жолто-црните“ ќе ја освојат титулата во Бундеслигата, изјави за „Кикер“ спортскиот директор на тимот, Михаел Цорк.
– Ние сигурно ќе ја започнеме новата сезона со Лисиен на чело, без разлика дали ќе станеме шампиони или не. Имаме многу добри односи и се надевам дека тој ќе остане на чело по 2020 година (кога истекува неговиот договор), рече Цорк.
Повод за шпекулациите со разрешувањето на експертот се појавија најмногу поради двата тешки порази од Баерн Минхен и регионалниот ривал Шалке 04, кои му овозможија на баварскиот гигант да ја претекне Борусија на табелата.
Пред преостанатите три круга до крај, двата најуспешни тима во Германија се одделени со само два бода.
– Ние нема да ја изгубиме надежта и ќе се бориме до самиот крај. Тоа е во нашата ДНК, рече поранешниот фудбалер на Дортмунд, Себастијан Кел.