Тимот на Ајакс оваа сезона е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите. Младиот тим на Ерик тен Хаг стигна до полуфиналето, каде што ја освои првата средба со Тотенхем со 1:0, а сега следната недела следи средбата во Амстердам.

Очекувано младите ѕвезди на тимот од „Јохан Кројф Арена“ веќе се во видното поле на европските гиганти. И откако Барселона веќе си го обезбеди Френки де Јонг, сега е ред и на другиот шпански гигант да ја искористи ситуацијата и да привлече еден од најголемите таленти на Ајакс.

„Марка“ информира дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е импресиониран од играта што ја покажува младиот играч од средниот ред Дони Ван Де Бик. Францускиот ментор е сигурен дека сака да го има 21-годишен играч од средниот ред. Оваа сезона Холанѓанецот има 16 гола во 50 натпревари за тимот од Амстердам.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2019 17:56