Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје денеска со 35 работници на терен континуирано ја одржуваше чистотата и хигиената за време на одржувањето на 15-то јубилејно издание на спортската манифестација „Скопски Виз Ер маратон“.

Континуирано чистење се одвиваше на маршрутата на големата трка од 42 километри што се протегаше низ целиот град – од населбата Аеродром до населбата Хром, како и во реонот на Градскиот плоштад и паркот „Жена борец“, на почетната точка на маратонската трка од пет километри.

– По завршувањето на маратонот, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжија со активностите за комплетно отстранување на сите отпадоци, чистење и машинско миење на скопските булевари и улици. Од механизацијата се употребуваа три автоцистерни, три патарки, две пјаџа и четири метларки, соопшти „Комунална хигиена“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2019 16:22