Според Општинската изборна комисија, сите 115 избирачки места во Општина Кичево се отворени навреме, а гласањето се одвива непречено и без проблеми.

Како што појасни Антигона Сефери, претседателка на ОИК, на единствениот избирачки список во Општина Кичево за избор на претседател во вториот круг се запишани 50351 гласач.

Сефери уште додаде дека во Кичево своето право на глас вчера го искористиле 92 болни лица од вкупно 97 колку вкупно беа пријавени за гласање во домашни услови за претседател на државата на територијата на целата општина.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 07:56