Сите избирачки места во Преспа се отворени утрово во 7 часот, информира претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански.

Гласањето на вториот круг од претседателските избори, според него, тече во најдобар ред на сите 50 избирачки места и нема констатирано никакви проблеми.

Во избирачкиот список во општина Ресен регистрирани се 16.649 гласачи, кои денеска ќе гласаат за еден од двајцата претседателски кандидати.

Правото на глас вчера го остварија 67 стари, болни и изнемоштени лица на 33 избирачки места.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 08:26