Сто и девет гласачки места во четири општини од Тиквешко беа навреме отворени за вториот круг од претседателските избори, гласањето тече без проблеми, соопштија претседателите на опптинските изборни комисии.

Во избирачкиот список за Кавадарци се запишани 32.151 лица со право на глас, а се гласа на 60 избирачки места. Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, а во избирачкиот список се запишани 15.821 избирач.

Единаесет избирачки места се отворени во Демир Капија за 3.331 лице со право на глас. Во Росоман, согласно Избирачкиот список, се евидентирани 3.358 граѓани со право на глас, на 10 избирачки места



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 08:29