На 37 избирачки места во општина Гевгелија, каде право на изјаснување имаат 19.242 граѓани, утрово точно во 7 часот почна гласањето од вториот круг на претседателските избори, соопштија од ОИК – Гевгелија.

Гласачкиот процес почнал на време и на 24 избирачки места во општина Валандово, каде што денеска ќе можат да гласаат 9.952 граѓани кои се евидентирани во избирачкиот список.

Без проблеми и точно на време почнало гласањето и во општините Богданци и Дојран. Од општинските изборни комисии потврдија дека во општина Богданци право на глас имаат 6.765 граѓани кои ќе се изјаснуваат на 12 избирачки места,а во општина Дојран на 8 избирачки места ќе гласаат 2.715 граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 08:30