Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино ќе го пропушти претстојниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона на „Енфилд“.
Бразилецот ја пропушти победата на Ливерпул со 3:2 при посетата на Њукасл поради повреда во мускулот.
По натпреварот, менаџерот на Ливерпул потврди дека Фирмино нема да може да учествува на натпреварот против Барселона.
– Тој нема да биде подготвен за натпреварот во вторникот, рече Клоп