До 10 часот на избирачките места во Општина Гевгелија излегле да гласаат 1.867 граѓани што претставува излезеност од 9,7 отсто. Гласањето во вториот круг од претседателските избори тече во демократска атмосфера и се одвива без проблеми, соопшти претседателката на ОИК, Роберта Јанчева.

Гласачкиот процес тече мирно и во Општина Валандово каде, според податоците од ОИК, до 10 часот гласачкото право го искористиле 698 граѓани или 7 отсто од гласачкото тело.

Во Општина Богданци до 10 часот на гласање излегле 615 граѓани или 9 отсто,а во Општина Дојран излезеноста е 8,9 отсто,односно правото на глас го искористиле 266 евидентирани граѓани во гласачкиот список.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 11:08