Мирно и без проблеми тече гласањето на 77 избирачки места во општина Штип, каде што право на глас имаат вкупно 41.772 гласачи.

Претседателката на ОИК Сенка Андреева за МИА информира дека гласачките места се отворени точно во 7 часот, а избирачките одбори досега немаат пријавено никакви проблеми.

Во моментов се собираат податоци за излезноста до 10 часот.

Според првичните податоци, излезноста на гласачките места во централното градско подрачје во Штип е околу 9 отсто.

Таа вели дека вчера гласаа 93 болни и немоќни лица, а во затвор „Штип“ гласањето е поминато без проблеми.

Трајко Јолев, претседател на Избирачкиот одбор во затвор „Штип“ информира дека од 198 избирачи регистрирани во Избирачкиот список, своето право на глас го искористија 169 или во затвор „Штип“ излезноста е 85,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 11:12