Во Општина Велес навреме точно во сефум часот беа отворени сите 84 избирачки места на кои од вкупно 45.996 евидентирани гласачи со право на глас за претседателските избори во вториот изборен круг до 10 часот гласале 3.603 гласачи или 7,83 проценти.

Претседателката на ОИК Лили Велковска информира дека гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, без никакви инциденти.

Таа ги потсетува сите граѓани кои се уште не гласале своето граѓанско право можат да го остварат на избирачките места до 19 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 11:13