Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), што претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 9:00 часот е 3,6 проценти, додека до 10:00 часот е 6,6 отсто, информираат од Граѓанската Асоцијација МОСТ.

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без регистрирани неправилности.

Од МОСТ соопштуваат дека проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 12:05