– Денешното гласање во Прилеп и во општините во регионот – Крушево, Долнени и во Кривогаштани се одвива без проблеми и непречено, информираат од Општинските изборни комисии.

До 10.00 часот во Прилеп на гласање излегле 11,24 отсто од запишаните 63.941 избирачи, во Крушево гласале 8,96 проценти од запишаните 7.920 гласачи, во Долнени два отсто од 11.506 жители со право на глас, а во Општина Кривогаштани до 10.00 часот на гласачките места излегле и го оствариле своето право на глас 6,4 осто од запишаните 4.678 избирачи.

Во споредба со истиот период од првиот круг одзивот е малку зголемен во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, освен во Општина Крушево.

Според заменик-претседателот на ОИК Прилеп, Коста Дурланов нема проблеми во текот на изборниот процес ниту забелешки до избирачките одбори



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 12:07