Во Куманово до 10 часот на гласање излегле 5577 гласачи или 6,16 отсто од гласачите, во Липково излезноста е 2,92 отсто или на гласање излегле 741 гласач, а во Старо Нагоричане 5,08 отсто или вкупно гласале 169 гласачи, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Во овие три општини, информираа од општинските изборни комисии гласањето се одвива тековно.

Во Куманово денеска можат да гласаат 92839 на 167 избирачки места, информираше потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.

Во Липково, право на глас имаат 25401 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места, соопшти претседателот на ОИК, Лирим Јашари.

Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информираше Драган Јовановски, претседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3.333 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 12:08