Министерството за внатрешни работи, во текот на денешното гласање од вториот круг на претседателските избори, до 12 часот, нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.

Гласањето се одвива мирно и без проблеми, изјави на денешната прес конфренција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

МВР апелира граѓаните и во преостанатиот дел од денот, на мирен и достоинствен начин, да го искористат своето гласачко право.

- Секој обид за нарушување на изборниот процес. потенцира Ангеловски, ќе биде бескропомисно санкциониран.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 13:11