Одѕивот на гласачите до 13 часот на вториот круг од претседателските избори изнесува 20,73 отсто. Портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска на втората прес конференција денеска соопшти дека ова е податок од обработени 95,39 проценти од избирачките места.

Според овие податоци до 13 часот на гласање излегле 359.024 гласачи, но оценува дека со вклучување на оние под пет отсто од избирачките места бројот на излезени избирачи би бил околу 370.000.

Гласањето, како што истакна, во овие шест и пол часови се одвива мирно, непрекинато и без неправилности.

Во првиот круг од гласањето на претседателските избори излезноста до 13 часот изнесуваше 20,45 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 15:15