Серејн Мауборн, специјален координатор на ОБСЕ, одговорна за водењето на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ за претседателските избори во државата денеска изрази надеж дека ќе има 40 проценти излезност за да може, како што рече, да се избере претседател или претседателка.

По посетата на избирачкото место во СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје, таа изрази задоволство за поканата на 150 Европејци од ОБСЕ, подвлече, за набљудување и во вториот круг од претседателските избори.

– Целиот овој пат што се случи за влез во Европа, вие го надминавте. Мислам дека овој ден е клучен, за да можете да покажете пред сите, одговори Мауборн, специјален координатор на ОБСЕ, одговорна за водењето на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ на новинарско прашање која е пораката до граѓаните на овој ден.

Потенцира дека е оптимист, но, истакна дека тие се тука само да набљудуваат.

– Граѓаните треба да покажат дека се присутни и можат да прават промени, изјави Серејн Мауборн, специјален координатор на ОБСЕ, одговорна за водењето на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ за претседателските избори во државата. цр/сд/



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 15:37