До 13 часот 30,14 отсто од гласачите кои се регистрирани во избирачкиот список во Делчево го оствариле своето право на глас на 36 избирачки места.

– Заклучно со 13 часот гласале 30,14 проценти или 4423 гласачи од вкупно запишаните 14.673, истакна претседателот на ОИК – Делчево, Владимир Петровски.

Во Македонска Каменица до 13 часот во рамки на денешниот изборен ден од 6619 евидентирани гласачи своето право на глас го оствариле 1959 граѓани.

– Досега немаме никакви проблеми, а до 13 часот, 1959 гласачи или 29,6 отсто го оствариле своето право на глас, соопшти Сања Митревска, претседателка на Општинската изборна комисија од Македонска Каменица.

Процентот на излезност во Делчево и Македонска Каменица во споредба со првиот круг е во благ пораст.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 15:40