Според податоците на Државната изборна комисија, до 13 часот, излезноста во Куманово е 18,94 проценти или 11477 гласачи, во Липково, 8,78 или 2 228 гласач, а во Старо Нагоричане, 21,30 проценти или вкупно гласале 709 гласачи.

Гласањето во овие три општини, информираа од општинските изборни комисии се одвива тековно.

Во Куманово денеска можат да гласаат 92839 на 167 избирачки места, информираше потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.

Во Липково, право на глас имаат 25401 граѓанин кои гласаат на 36 избирачки места, соопшти претседателот на ОИК, Лирим Јашари.

Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информираше Драган Јовановски, претседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3333 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 15:43