Излезноста во Тетовско во рамки на вториот круг од претседателските избори до 13 часот е помала во споредба со првата рунда од гласањето. Општина Тетово денес до 13 часот има излезност од 10,42 отсто, за разлика од 21 април кога имаше 16,71 отсто.

Во регионот и понатаму најмалку се гласа во општина Желино. До 13 часот има 4,22 отсто излезност или гласале 991 лица. Во првиот круг таму имало излезност од 6,62 отсто до истиот период. Денес до 13 часот во Боговиње има излезност од 6,21 отсто, за разлика од пред две недели кога имало 8,01 отсто.

Од граѓаните кои имаат право на глас во општина Теарце 8,35 отсто гласале до 13 часот. Во Јегуновце и Брвеница се евидентира најголема излезност. Брвеница има 13,03 отсто додека Јегуновце 13,48 отсто излезност во рамки на вториот круг.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 15:47