Пет отсто повеќе демиркапијци гласале во вториот круг од претседателските избори за разлика од првиот круг до 13 часот. Правото на глас го искористиле 36,36 проценти од вкупно 3.331 лице со право на глас на 11 избирачки места.

Според податоците од општинските изборни комисии, во сите четири општини од Тиквешкиот регион, денеска до 13 часот, гласале повеќе избирачи отколку до истото време на 21 април.

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, а во избирачкиот список се запишани 15.821 избирачи. До пресекот во 13 часот, гласале 31.27 отсто од лицата со право на глас.

Во Кавадарци гласале 29,9 отсто од избирачите. Таму во избирачкиот список се запишани 32.151 лица со право на глас, а се гласа на 60 избирачки места.

Во Росоман согласно Избирачкиот список се евидентирани 3.358 граѓани со право на глас, на 10 избирачки места. До 13 часот, гласале 21 процент од избирачите.

Сто и девет гласачки места во четири општини од Тиквешко беа навремено отворени за вториот круг од претседателските избори, гласањето тече без проблеми, соопштија претседателите на опптинските изборни комисии.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 15:47