Од штабот на Барселона открија дека Усман Дембеле има мускулна повреда на неговото десно бедро.

„Камп Ноу“ не објави период на опоравување, но шпанските медиуми брзо објавија дека францускиот репрезентативец нема да биде дел од тимот на Ернесто Валверде за претстојниот реванш против Ливерпул во вторник вечер.

„Единаесетката“ на „лос кулес“ доби повреда во почетокот на мечот со Селта синоќа и ја напушти играта во петтата минута.

„Блаугранас“ се надеваат дека тој ќе биде подготвен за финалето на Кралскиот куп против Валенсија на 25-ти мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 15:52