Во Берово и Пехчево до 13 часот гласале над 30 отсто од избирачите регистрирани во избирачкиот список.

Според Мишо Догазански, претседател на ОИК Берово, процентот на излезност до 13 часот е поголем во однос на првиот круг од изборите.

– До 13 часот во Берово гласале 3.430 евидентирани лица со право на глас од вкупно 10.886 или 31,53 отсто, соопштува Догазански.

Зголемување на процентот на излезност во однос на првиот круг е забележан и во Пехчево, информира Горан Котевски од ОИК Пехчево.

– До 13 часот вкупно 34,77 отсто од регистрираните 4125 гласачи го оствариле своето право на глас во Пехчево. Тоа значи дека гласале вкупно 1433 лица со право на глас. Гласањето се одвива во најдобар ред, соопшти Котевски.

Двете општини во првиот круг беа меѓу општините со најголем процент на излезност во првиот круг.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 15:53