До 15 часот излезноста во општина Струга е 17,72 отсто, во Ресен 31, а во Вевчани 42 проценти.

Претседателот на ОИК Струга Бледар Зиба за МИА информира дека во оваа општина своето гласачко право го оствариле 10.714 лица од регистрирани 60.459 во 101 избирачко место.

Во преспанскиот регион до 15 часот гласале 5.157 лица или 31 отсто од 16.649 регистрирани гласачи, потврди заменик претседателот на ОИК Ресен Ивана Гегарковска.

Во трите избирачки места во Општина Вевчани излезноста е 42 проценти или, како што појасни претседателката на ОИК Параскева Кукоска, од 2.048 гласачи, 862 го оствариле своето гласачко право.

Во трите општини, според избирачките комисии, гласањето се одвива мирно, во фер и демократска атмосфера.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 16:23