Во вториот изборен круг во Општина Велес од вкупно 45.996 на 84 избирачки места до 17 часот излегле да гласаат 19.547 или 42,55 отсто од избирачите.

Во Општина Градско на 11 избирачки места од вкупно 3.139 до 17 часот излегле 1.680 избирачи, што со 53,5 проценти е најмногу од трите општини во велешкиот регион.

Во Општина Чашка, како што информира за МИА, Марјан Јовановски од ОИК на Чашка до 17 часот од евидентирани 6.029 на 31 избирачко место гласале 2.600 избирачи или 43,5 проценти од гласачите со право на глас.

Во сите три општини изборите како што информираат од ОИК, претседателските избори во овој втор круг досега се одвиваат во фер и демократска атмосфера, а во текот на денот ги посетиле и претставници од ОБСЕ кои направиле увид во процесот на гласањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 18:32