Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Изборниот процес низ целата држава се одвива непречно, во мирна и достоинствена атмосфера, имаме фер и демократски изборен ден. За тоа гарант се и граѓаните и институциите.

Како во првиот така и во вториот круг граѓаните гласаат слободно и по сопствено убедување, без какви било притисоци.

Институциите ги спроведуваат изборите по сите професионални стандарди.

Досегашниот тек на изборниот ден е пример за слободни, фер и демократски избори како што доликува на европска, деморкатска држава каква што е Северна Македонија. Очекуваме така да продолжи и до затворањето на избирачките места.

Исплашени од извесниот пораз на претседателските и на локалните избори во Охрид и Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ бара оправдување.

ВМРО-ДПМНЕ да не се обидува, преку лажни вести да бара алиби за поразот на нивната кандидатка и нивната деструктивна матрица на денешните избори.

Апелираме граѓаните да не наседнуваат на манипулациите и лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и слободно да го искористат своето гласачко право.

Институциите се во функција на слободната волја на граѓаните и како што соопшти Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисја, досега нема забележано изборни нерегуларности и неправилности.

Очекуваме сите политички субјекти да покажат одговорност пред граѓаните и изборниот процес.

Изборната волја на мнозинството и исходот од изборите мора да се почитуваат од сите без исклучок.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 19:30