До 19 часот до основните јавни обвинителства, посочи Бајрами, нема други пријавени настани поврзани со денешниот изборен циклус.

– На територија на Вишо јавно обвинителство Гостивар, во селото Другово пријавено е дека еден од избирачите го фотографирал неговото гласачко ливче. По насоки на јавен обвинител одземен е телефонот за вештачење и зависно од вештачењето ќе следи соодветна пријава кон истиот, изјави Бајрами.

Прашан дали Комисијата постапува по допрен глас за неправилности и прекршувања, Бајрами рече дека нема пријавени настани по кои тие како Јавно обвинителство би можеле да постапуваат, но дека доколку има такви настани сигурно дека ќе постапуваат.

– Пријавени се настани и излезена е полицијата на место на настанот. Нема констатирани, наводи кои што се наведени во пријавата и од тие причини нема пријави до Јавното обвинителство, изјави Бајрами.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 21:20