Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески.

Вршителот на должноста градоначалник Георгиески вечерва даде куса изјава за медиумите, на која им се заблагодари на охриѓани што ја избрале опцијата за европски Охрид и европска Македонија. Тој рече дека победил со околу четири илјади гласа пред противкаднидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски.

Георгиески додаде дека вечерва ќе слави, а веќе од утре почнува со работа за реализација на сите проекти и ветувања дадени пред граѓаните во изминатата предизборна кампања.

Според податоцитена државната изборна комисија, досега с епреброени 41,78 остото од гласовите и во водство е Георгиески. Но податоците се менуваат од момент во монети може да се следат на следниот линк.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 22:07