Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров го постигна најубавиот гол во реванш натпреварите од четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони.
Дибиров прифати една топка на самиот агол, но и тоа не му беше проблем да го совлада голманот на Пик Сегед.
Вардар го загуби дуелот во Унгарија со 29:25, но оди на Ф4 во Келн поради победата во Скопје со 31:23.
Во изборот на ЕХФ ТВ за ТОП 5 голови во оваа фаза на елитното натпреварување, место имаше и за македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој во Веспрем игра на истата позиција со Дибиров.
Најубавите пет гола во изборот на ЕХФ можете д а ги видите на следниот линк