За два процента се зголемени цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2019 година во однос на истиот период лани, додека во однос на декември 2018 година се на исто ниво.

Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април 2019 година во споредба со март 2019 година се на исто ниво, додека во однос на април претходната година пораснале за 1,2 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 15:23