Утре, вторник (7.05.2019 година), за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз во период од 5 до 19 часот.
Поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, ќе возат по изменети траси од вообичаените, а линиите 3, 3Б, 4А, 25 и 35 воопшто нема да сообраќаат.
Нема да работат билетарниците, ниту Жичницата на Средно Водно.
Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.
На веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk (http://www.jsp.com.mk/vest.aspx?vest=918) може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.