Антонио Конте даде добри показатели дека ќе се врати во Серија „А“ по крајот на сезоната.

Во изминатите неколку недели, тренерот е поврзан со Интер, Рома и Милан, а италијанските медиуми веќе открија дека Конте преговара со првите два клуба.

Сепак, поранешниот менаџер на Челзи не ја отфрли можноста за преземе клуб од друга силна лига.

– Веројатноста за работа во Италија е голема, но исто толку голема како и работа во странство. Можно е и да одморам. Важно да одам во клуб кој може да ми дозволи да се борам за титули. Има 60 отсто шанси да преземам италијански клуб, 30 да работам во странство и 10 отсто да одморам, рече Конте за „Јене“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 19:28