Шпанската легенда Икер Касиљас беше испишан денеска по добиениот срцев удар пред пет дена.

Триесет и седум годишниот голман им се заблагодари на лекарите и на сите што го поддржаа во овој тежок период.

– Сакам да се заблагодарам за илјадниците изјави за поддршка упатени кон мене. Ќе морам да почекам неколку недели или неколку месеци. Не знам што носи иднината, но најважно е да бидам тука и да може да зборувам смирено, рече Икер.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 19:28