Ракометарите на Вардар ја добија Барселона за противник во полуфиналето на завршниот Ф4 турнир што ќе се игра во Келн, Германија.
Каталонците беа ривал на македонскиот првак и пред две години кога вардарци го освоија трофејот.
Во другото полуфинале ќе играат Веспрем на Дејан Манасков и Киелце.
Оваа сезона Вардар одигра два натпревара со Барселона во групната фаза и двапати беше поразен.
Завршниот турнир од елитното ракометно натпреварување ќе се игра на 1 и 2 јуни. зс/
2019-05-07 12:52:37, од Зоран Стерјовски