Поради санација на уличен дефект утре од 9:00 часот без вода ќе бидат корисниците од населбата Пролет, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Оттаму соопштуваат дека прекинатото водоснабдување е поради дефект на улицата „Страшо Пинџур“ бр. 11, а корисниците ќе бидат без вода се до неговото отстранување.