Денеска во спортската сала во Куманово со почеток во 17 часот ќе се одиграат завршните Ф4 турнири од Купот на Македонија во ракомет, машка и женска конкуренција. Организатори се општина Куманово, Женски Ракометен Клуб Куманово и Ракометната Федерација на Македонија.

Натпреварите се одржуваат по повод 90-годишнината од формирањето на Женскиот клуб Куманово, како прва ракометна екипа во државата и 500 години постоење на Куманово.

На турнирот ќе учествуваат ЖРК Вардар, ЖРК Металург, ЖРК Стружанка од Струга и домаќинот ЖРК Куманово во женска конкуренција, додека во машка конкуренција ќе се натпреваруваат РК Еурофарм Битола, скопските РК Вардар, РК Бутел и РК Металург во машка конкуренција.

Денеска, ќе играат екипите ЖРК Вардар и ЖРК Стружанка во првото полуфинале, ЖРК Куманово ЖРК Металург во второто полуфинале. Во петок на 10-ти мај закажани се два дуели во машка конкуренција каде во првиот дуел настапуваат екипите на Металург од Скопје и екипата на Бутел, додека во вечерните часови од 20 часот, РК Вардар ќе се сретне со Еурофарм во второто полуфинале.

Финалните натпревари ќе се одиграат во сабота. Од 16 часот е женското, а од 20 часот машкото финале.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2019 15:24