Негативните ефекти од употребата на социјалните мрежи врз задоволството кај тинејџерите се незначителни, односно скоро и да не постојат, посочува ново истражување што опфатило 12.000 адолесценти во Велика Британија.

– Семејството, пријателите и училиштето имаат доста поголмо влијание врз среќата и благосостојбата кај децата на возраст од 10 до 15 години, нагласуваат истражувачите од Универзитетот Оксфорд.

Трудот објавен во списанието „ПНАС“ се обидува да одговори на прашањата – дали тинејџерите кои користат социјални медиуми, се помалку задоволни од својот живот и дали адолесцентите кои се помалку задоволни со својот живот во поголема мера ги користат социјалните мрежи?

Научниците нагласуваат и оти досегашните истражувања околу поврзаноста меѓу гледањето во екран, технологијата и менталното здравје на децата, честопати беа противречни. Професорите Ендрју Пжyбyлски и Ејми Орбен оценуваат дека тие студии најчесто се темелат на ограничени податоци коишто не ја даваат вистинската слика на нештата.

Професор Пжyбyлски притоа истакнува дека 99,75 отсто од задоволството кај луѓето немаат никаква врска со користењето социјални мрежи.

Студијата спроведена во периодот меѓу 2009 и 2017 година сепак покажува дека социјалните мрежи имаат малку поголемо влијание врз дјевојчињата отколку врз момчињата, но таа разлика е премногу мала.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2019 17:16