Екипата на ЖРК Куманово ќе игра во финалето на Купот на Македонија откако славеше со 29:22 (15:10) против Металург.

Гостинките од Скопје беа рамноправни само во првите дваесетина минути, но потоа Кумановки, бодрени од публиката ја презедоа иницијативата и на полувреме заминаа со +5 разлика. Во вториот дел домашните ракометарки ја зголемуваа предноста за на крајот да забележат убедлив триумф и да се пласираат во финалниот меч.

Најпрецизна кај домашната екипе беше Шарановиќ со 9 гола, додека кај Металург Гичевска реализираше седум погодоци.

Во саботното финале, домаќинот на турнирот ќе се сретне со ЖРК Вардар од 16 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 01:06