Работилница на тема „Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за одржлив енергетски развој.

Предвидени се обраќања на Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженер, Нехри Емрула, директор на Агенцијата за енергетика на РСМ и Ивајло Алексиев, извршен директор на Бугарската агенција за одржлив енергетски развој.

Во тек на настанот ќе биде потпишан и меморандум за соработка на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија со Комората на овластени архитекти и овластени инженери.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 10:02